Навивачите на ПСЖ во финалето истакнаа порака што ќе го обиколи светот: „Запрете го геноцидот во Газа“

Навивачите на Пари Сен Жермен на синоќешниот натпревар од финалето на Лигата на шампионите истакнаа парола која речиси сигурно ќе го обиколи целиот свет.

Парижаните на најголемиот натпревар од европскиот фудбал оваа сезона во Минхен истакнаа парола со која сакаа да порачаат дека геноцидот во Газа мора да престане.
„Запрете го геноцидот во Газа“ – стоеше на транспарентот на навивачите на францускиот тим.

Да потсетиме, слична кореографија беше истакната и во ноември минатата година на натпреварот против Атлетико Мадрид, кога беше прикажана порака: „Слобода за Палестина, војна на теренот, но мир во светот“.

ПСЖ донесе радикална одлука откако навивачите ја истакнаа кореографијата за Палестина.


Тогаш клубот од Париз реши да го забрани присуството и навивањето на своите ултраси на „Паркот на принцовите“ до крајот на годината. Владините органи порачаа дека не се воздржуваат од преземање правни чекори, додека од ПСЖ се оправдуваа дека не знаеле каква кореографија подготвуваат нивните навивачи.

Моќниот ПСЖ го понижи Интер со триумф од 5:0 и за првпат ја освои Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести