Францускиот гигант Пари Сен Жермен го претрпе вториот пораз во само четири дена и тоа од ривали на домашна сцена. Светците прво беа елиминирани од Купот на Франција по поразот со 2:1 на гости кај Олимпик Марсеј, а вчера беа немоќн и на гостувањето кај Монако и загубија со 3:1.
ПСЖ останува лидер во првенството и има комотна предност, но фактот дека нивните миленици загубија два пати во четири дена, ги разлути навивачите од Париз. Тренерот на ПСЖ, Маркињос ги советуваше соиграчите, по мечот веднаш да заминат во соблекувалните затоа што може дополнително да ги разлутат фановите. Сите заминаа во соблекувалната, освен еден. Преснел Кимпембе го зема мегафонот во своите раце и реши да им се обрати на фановите.
„Знаеме дека на теренот изгледаме ужасно. Се што можам во овој момент да ви кажам е фала што дојдовте да нѐ бодрите. Немојте да нѐ напуштате, затоа што сте ни потребни“, беше кратата порака на Кимпембе за фановите на ПСЖ.
https://twitter.com/i/status/1624475646129852418
Наредниот меч ПСЖ ќе го игра против Баерн Минхен во осминафиналето од Лигата на шампиони и сигурно тука ќе сакаат да се вратат на победите.