Навивачите на Реал бараа црвен картон за Кубарси, но се шокираа кога слушнаа што кажа тренерот на Атлетик Билбао (Видео)

Барселона се врати на четири бода предност во однос на Реал Мадрид, откако каталонскиот гигант победи со 1:0 на гостувањето во Билбао против Атлетик. Ламин Јамал ги постигна единствениот гол во 67 минута, а потоа гостите ја одбранија предноста до крајот.

По мечот имаше некои реакции посебно на сицијалните мрежи за една ситуација која според некои беше спорна. Атлетик Билбао беше во напад, Пау Кубарси го фаулираше Ињаки Вилијамс и за тоа доби жолт картон. Веднаш реагираа фановите на Реал Мадрид сметајќи дека Кубарси требало да добие црвен картон, затоа што играчот на Атлетик имал отворен простор кон голот.

По мечот, за свое видување околу посочената ситуација беше побаран и коментар од тренерот на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде. Предводникот на Атлетик ги изненади фановите на Реал откако посочи дека при фаулот на Кубарси немало елементи за црвен картон и дека нема никакви забелешки на судењето.

„Немам никаков коментар за судењето. Пау Кубарси не заслужи црвен картон во ситуацијата во која се обидувате да ми ја наложите. Голманот на Барселона Жоан Гарсија секако прв ќе дојдеше до таа топка, така да Ињаки немаше никакви шанси“, објасни Валверде по мечот околу спорната ситуација.

- Оглас -

Најнови вести