Навивачите на Реал го исвиркаа Мбапе кој седеше во ложата (Видео)

Не сите присутни на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, но голем број фанови на Реал Мадрид го исвиркаа Килијан Мбапе кога беше покажан на големиот екран за време на средбата против Атлетик Билбао.

Мбапе не играше поради суспензија, а и повреда. Беше суспендиран на еден меч поради црвен картон за груб фаул во минатото коло против Алавес, а потоа се повреди на средбата со Арсенал на која многу се очекуваше од него, но потфрли. Навивачите не простуваат, па Мбапе беше исвиркан, по што сигурно не му беше пријатно.

Французинот се очекува да го пропушти и гостувањето кај Хетафе в среда, но би требало да биде фит за финалето на Купот против Барселона в сабота вечер.

Сепак можеби ќе ги омекне мадридските свиркачи кога ќе видат како го слави голот на Валверде за победа вечерва:

- Оглас -

Најнови вести