34.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Навивачите на Реал и Барселона бесни за терминот на првото Ел Класико сезонава

Челниците на шпанската Примера дивисион објавија дека првото Ел Класико сезонава ќе се игра во попладневен термин, односно во 16:15 часот на 24 октомври. Дуелот ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“ и ќе биде првото Ел Класико со публика по пауза од една и пол година.

Последен пат Реал и Барселона играа со публика на 1 март 2020 година, а неколку дена подоцна пандемијата со корона-вирусот направи целосно стопирање на мечевите. Иако ќе има публика, навивачите на двата клуба не се многу задоволни од терминот во којшто ќе се игра дербито.

Иако официјално не е објаснето зошто терминот е во 16:15 часот по шпанско време, повеќе од јасно е дека овој термин е прилагоден за азискиот пазар, каде што ќе биде вечерен термин.

На почетокот од сезоната Реал Мадрид игра многу подобро и со 16 од можните бода, Кралскиот клуб е лидер на табелата, додека Барселона е седма дури со девет бода помалку, но и еден меч плус за играње.

 

- Оглас -

Најнови вести