Навивачите на Реал Мадрид со еден потег го понижија претседателот на Барселона, Лапорта (Видео)

Барселона славеше со 1:0 на првиот полуфинален дуел од шпанскиот Кралски куп против Реал Мадрид, но навивачите на Кралевите го понижија претседателот на каталонскиот тим, Жоан Лапорта.

Имено, навивачите на Реал Мадрид изработија банкноти од 500 евра на кои беше ликот на Лапорта и ги фрлаа пред „Сантијаго Бернабеу“, а потоа тоа го направија и кога влегоа на трибините. Лапорта исто така беше исвиркан при неговото појавување на стадионот.

Причина за ваквиот потег на навивачите на Реал е скандалот кој неодамна беше објавен во Шпанија и во кој Барселона е обвинета дека му исплаќала големи суми пари на активниот судија Хозе Марија Негреира, од кого барале совети околу одлуките на судиите на натпреварувањата во Шпанија, што е строго забрането.

Лапорта изјави дека компанијата судијата го ангажирале за сосема други работи, но останатите шпански екипи побараа Барселона да се казни поради тоа.

- Оглас -

Најнови вести