Реал Мадрид вечерва ја слави 34-тата титула во шпанската Примера дивисион. Кралевите потврдија зошто се најуспешен клуб во историјата на шпанското првенство и на едно коло до крајот имаат недостижна предност во однос на најголемиот ривал Барселона.
За првпат во историјата Реал слави титула без навивачи на трибините, а тоа е поради пандемијата со корона-вирусот. Фановите на Кралскиот клуб сепак не издржаа и вечерва излегоа низ улиците на Мадрид да прослават. Со автомобили во кои беа развеани знамиња, фановите ем славеа, ем држеа дистанца, како што е препораката од здравствените работници.