2.8 C
Skopje
четврток, 11 декември 2025

Навивачите на Реал се бесни: Ова не е пенал, само се тестира издржливоста на нашиот дрес (Фото)

Не може да помине без спорен момент кога се игра некое големо европско фудбалско дерби. Така беше и синоќа на „Сантијаго Бернабеу“, каде што Манчестер сити се радуваше на победа од 2:1.

Домаќинот Реал поведе со 1:0, но Граѓаните уште во првото полувреме направија целосен пресврт и постигнаа два гола. Погодокот на Ерлинг Халанд за 2:1 беше постигнат од пенал откако Рудигер во шеснаесетникот го фаулира голгетерот на Сити.

Интересно е дека неколку минути по тој погодок на Халанд, играчите на Реал Мадрид бараа пенал на спротивната страна по дуелот меѓу Јошко Гвардиол и Раул Асенсио. Дефанзивецот на Сити го влечеше играчот на Реал во гостинскиот шеснаесетник, но судијата Клемен Турпан не досуди пенал. Дури ни од ВАР-собата немаше реакција за оваа ситуација, па играта продолжи, но реакциите продолжија и по средбата.

Фановите на Реал преку социјалните мрежи го истакнуваат својот револт сметајќи дека требало да има пенал за Кралевите.

„За пеналот на Сити, од ВАР-собата веднаш реагираа и го повикаа судијата да ја погледне ситуацијата, но кога Гвардиол го влече Асенсио за дрес, не требаше ни 10 секунди за да се јави дека немало ништо“, се вели во еден од коментарите.

Друг навивач беше креативен во реакцијата. „Не беше пенал. ‘Адидас’ го има ангажирано Гвардиол да направи тестирање на издржливоста на дресовите и во најтешки услови“

- Оглас -

Најнови вести