Навивачите на Реал му посакуваат смрт на Мбапе по социјалните мрежи (ФОТО)

КИлијан Мбапе одлучи да остане во ПСЖ иако имаше голем интерес од Реал Мадрид. Францускиот напаѓач ја соопшти својата одлука во саботата и му се заблагодари на кралскиот клуб за интересот.

Сето тоа не беше добро прифатено од навивачите на Реал Мадрид, кои што се нафрлија со погрдни зборови кон напаѓачот, а дел од нив се толку екстремни што посакуваат и смрт на Французинот.

Откако ја објави оваа одлука, Мбапе на својот профил на Инстаграм изгуби неверојатни 700 илјади следачи. Неговата бројка од 71 милион и 600 илјади следбенеци, падна на 70 милиони и 900 илјади.

Тој се очекува да биде на саботното финале на „Сент Дени“ а се очекува и громогласни свирежи од страна на фановите на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести