Навивачите на Ренџерс со морбиден графит ја славеа смртта на Папата, па дојде одговор од Селтик (Фото)

Смртта на Папата Франциск ја разгоре омразата меѓу навивачите на најголемите шкотски клубови Ренџерс и Селтик.

Фановите на Ренџерс се протестанти и блиски до Велика Британија, додека навивачите на Селтик по вера се католици и поблиска им е Ирска отколку Англија.

Навивачи на Ренџерс направија графит во кој испишаа порака со која ја слават смртта на Папата.

Но, ова ги разлути поддржувачите на Селтик и тие веднаш одговорија. Го префарбаа навредливиот морбиден графит и над боите на ирското знаме испишаа „Нема знамиња и тапани“, потсетувајќи ги ривалите дека на почетокот на сезонава им одзедоа навивачки реквизити.

- Оглас -

Најнови вести