Од денеска и официјално започна акцијата за спас на машкиот ракометен клуб Вардар. По објавата на досегашниот сопственик Сергеј Самсоненко дека во иднина нема да го финансира клубот како досега, навивачите се обединија и најавија повеќе акции за спас, за клубот да не биде оставен на цедило. Сите информации околу текот на акцијата може да се најдат на Фејсбук страницата „Иницијатива за спас на РК Вардар“.
Објавени се двете жиро-сметки, денарска и девизна, на кои ќе можат да се донираат средства за клубот, кој им носеше многу радости во последните години на македонските љубители на ракометот.
Македонскиот ракометен првак од следната сезона нема повеќе да биде финансиран од Русинот Самсоненко, па затоа, навивачите на „црвено-црните“ решија да почнат акција, за Вардар да не згасне или потоне во потпросечност откако во претходните сезони редовно е дел од елитата во Европа.
Ова се жиро-сметките (денарска и девизна) за донации: