Раководството на Селтик планира да купи напаѓач од израелската екипа Макаби Нетања за сума од два милиони фунти, но тоа предизвика протести на нивните навивачи.
Фановите на Селтик отворено ја поддржуваат Палестина, па на челниците на клубот му порачаа: „Не ги трошете нашите пари во Израел“. Тие сметаат дека не треба да има никакви трансакции со Израел, дури ни кога се работи за спорт и на тој начин да не се финансира оваа земја.
Celtic fans with a pointed message to the club’s board today https://t.co/pbv2tDeOJK pic.twitter.com/ZYXk101GeE
— Liam O’Hare (@Liam_O_Hare) January 10, 2026

