Навивачите на Сити бесни на Едерсон, бараат од клубот да го продаде ова лето

Манчестер сити доживеа неочекуван шок на Светското клупско првенство, откако синоќа беше елиминиран во осминафиналето од Ал-Хилал со 4-3, по продолженија. Иако Граѓаните беа апсолутни фаворити, тимот на Пеп Гвардиола не успеа да ја оправда улогата, што предизвика бурни реакции меѓу навивачите, особено кон бразилскиот голман Едерсон.

Сити поведе уште во деветтата минута со голот на Бернардо Силва, но Ал-Хилал во второто полувреме направи пресврт преку Маркос Леонардо и Малком. Ерлинг Халанд израмни на 2-2 и го однесе мечот во продолженија. Таму, следуваше вистинска драма: Кулибали и Леонардо погодија за Ал-Хилал, а Фил Фоден беше стрелец на третиот гол за Сити.

Иако Пеп Гвардиола по натпреварот изјави дека е задоволен од борбеноста и самодовербата што ја покажа тимот, навивачите не мислат така. На удар се најде голманот Едерсон, кој имаше слаб настап и според фановите е директен виновник за елиминацијата.

Бразилецот првата одбрана ја забележа дури во второто продолжение, откако Ал-Хилал веќе даде три гола од три удари во рамките на голот. Социјалните мрежи беа преплавени со критики: „Три шута – три гола. Време е да си оди“, „Едерсон, не можам повеќе да те бранам“, „Од сезоната со тројната круна не сме го виделе на ниво“, „Пеп, најди нов голман додека можеш да го продадеш“…

Гласините за трансфер на Едерсон во Саудиска Арабија кружат веќе некое време, а се чини дека по последниот настап тие само ќе се засилат. Иако Гвардиола досега секогаш го бранел својот голман, сè повеќе индикации упатуваат дека и менаџерот го губи трпението.


Продажбата на Едерсон ова лето не би било изненадување.

- Оглас -

Најнови вести