Фановите на Манчестер сити кои беа во Нотингем да му дадат поддршка на својот тим, се собраа пред еден телевизор и групно го гледаа финишот на дуелот Астон Вила – Арсенал, чекајќи кикс на Топчиите.
За навивачите на Сити, идеална комбинација ќе беше Арсенал да не победи, а нивниот тим да слави, но испадна обратно, па разочарувањето им беше двојно. Топчиите од Лондон се провлекоа во Бирмингем, и освоија три бода, а актуелниот англиски првак не успеа да победи, па сега Арсенал има два бода плус во однос на Сити, и еден меч помалку.