Навивачите на Сити му пееја на Пеп „наутро ќе добиеш отказ“, а тој им одговори на оригинален начин (Видео)

Манчестер сити и Пеп Гвардиола се во најлошата серија. Граѓаните имаат шест порази и само едно реми во последните седум средби во сите натпреварувања. Актуелниот англиски првак делуваше немоќно на дербито против Ливерпул на „Енфилд роуд“ и загуби со 2:0.

Пред крајот на мечот, навивачите на Ливерпул не пропуштија шанса да го „закачнат“ Гвардиола и почнаа да скандираат против него, односно дека ќе добие отказ. „Пеп наутро ќе добие отказ“ пееја фановите, а шпанскиот стратег реши да им одговори и тоа со само еден потег. Гвардиола со рацете им го покажа бројот шест, а тоа е бројот на титули кои тој ги има освоено во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести