Навивачите на Сити почнаа кампања за отказ на Пеп Гвардиола

Манчестер сити уште еднаш ги разочара своите навивачи, откако одигра 2:2 на гости кај Њукасл. Граѓаните два пати имаа водство, но на крајот мораа да се задоволат со еден освоен бод. По овој кикс, Сити сега е на 11 бода зад лидерот Ливерпул, кој славеше со 2:1 против Брајтон на „Енфилд роуд“.

Иако се работи за 14 коло во Премиер лигата, многу фанови на Сити веќе се откажуваат од трката за титулата. Фановите на Граѓаните дури започнаа и акција на Твитер под името #PepOUT, сакајќи на Гвардиола да му биде даде отказ.

 

- Оглас -

Најнови вести