2.8 C
Skopje
четврток, 11 декември 2025

Навивачите на Слован уште недојдени во Македонија, направија голем проблем

Дури 10 навивачи на Слован Братислава не добиле дозвола за влез во Македонија, а еден бил уапсен поради агресивно однесување во авион за време на лет, кон Скопје.

Вчера околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот.

Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го приведоа Л.Т.(38) од Словачка, а на 10 други лица, исто така, од Словачка, не им беше дозволен влез во државата од безбедносни причини.

По целосно документирање на случајот, против Л.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слован Братислава вечерва ќе гостува на Шкендија, во рамките од шестото коло во Конференциска лига.

- Оглас -

Најнови вести