Ѕвездата на Рома, Пауло Дибала, го навлече гневот на фановите на неговиот бивш тим Јувентус поради бурното прославување на одбраната на Руи Патрисио, кој во финишот на дербито спречи Јуве да изедначи на 1-1.
Рома победи со 1-0 со гол на Џанлука Манчини, а Дибала беше стартер, но беше заменет во второто полувреме. По одбраната на Патрисио и последниот судиски свиреж, Дибала не ја криеше радоста од победата над клубот во кој мина седум сезони.
На фановите на Јуве не им се бендиса постапката на Дибала како слави, па почнаа да го навредуваат по социјалните мрежи.
Аргентинскиот фудбалер се јави преку „Телеграм“ и испрати порака до навивачите на Бјанконерите.
„Знам дека е тешко за вас, и за мене е исто така. Сега играм за друг клуб, имам други тимски колеги и треба да ги почитувам. Победата ни беше многу важна. Почитта кон вас секогаш ќе постои, не дозволувајте да бидете заведени од социјалните медиуми. Се радував со соиграчите, жалам што тоа го гледате на негативен начин. Голема прегратка за сите“, порача Дибала, кој летоска од Јуве се пресели во Рома.
Дибала е десетти најдобар стрелец во историјата на Јуве, а еве го потегот кој ги налути фановите на Старата дама:
https://twitter.com/i/status/1632500626327232512