Навивачите на Тотенхем лути – го имаат најлошиот фудбалер во светот што вреди 30 милиони евра

Тотенхем очајно ја започна 2022 година. Тимот на Антонио Конте има дури седум порази само за два месеци и е вториот најлош клуб во Премиер лигата во оваа година. Само Ватфорд е послаб со осум порази во 2022 година.

Лондонскиот клуб синоќа беше елиминиран во ФА купот, и тоа од второлигашот Мидлсборо. По 90 минути, немаше голови, а погодокот за радост на  фановите на Мидлсборо стигна во 107-мата минута, кога 19-годишниот тинејџер Џошуа Кобурн успеа да погоди, гол кој беше доволен за влез во четвртфиналето на ФА купот.

Најголем виновник за поразот, навивачите на Тотенхем гледаат во бразилскиот дефанзивец Емерсон Ројал. Играчот за кого беа платени 30 милиони евра, во игра влезе во 81-вата минута, но наместо да донесе стабилност и свежина кај гостите, им подари гол на противниците.

При акцијата за голот на Мидлсборо, Емерсон „заспа“ во својот шеснаесетник и се најде еден метар поблиску до својот гол од сите негови соиграчи. Фудбалерите на Тотенхем сигнализираа дека е офсајд, но беа збунети кога судиите го признаа голот. Дури подоцна сфатија дека Емерсон не бил во линија со нив во дефанзива.

 

Ова не е прв меч на кој Емерсон прави драстична грешка поради која Тотенхем губи, па голем дел од навивачите на лондонскиот тим потенцираат дека во своите редови го имаат најлошиот фудбалер во светот што вреди 30 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести