Навивачите на Тотенхем се многу лути: Пораката е јасна

Екипата на Тотенхем на домашен терен зaгуби од Лестер со 1:2, со што само се потврдува дека лондонскиот тим е во криза. Четири порази по ред има Тотенхем, а овој последниов е посебно неочекуван ако се знае дека им гостуваше Лестер кој имаше седум порази по ред.

Неуспехот од Лестер е уште пошокантен ако се знае дека Тотенхем на полувремето имаше водство од 1:0. На стартот од второто полувреме Лестер започна фуриозно и во првите пет минути постигна два гола за да го сврте резултатот во своја корист од 2:1.

По оваа победа, Лестер стигна до 17 бодови и избега од зоната за испаѓање, додека Тотемхем остана на 24 бодови и е на 15 место во Премиер лигата.

Навивачите на Тотенхем се многу лути на резултатите не само од оваа сезона, туку во последните две и пол децении. Истакнаа парола на која пишуваше „24 години, 16 тренери и само еден трофеј – Време е за промени“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести