20.8 C
Skopje
петок, 25 јули 2025

Навивачите на Тотенхем шокирани од новиот дрес (Фото)

Англискиот премиерлигаш ја претстави новата гарнитура на гостински дресови, а според коментарите на фановите на лондонскиот тим, ретко кој ќе сака да го купи. Дресот е во „хаотични“ бои на кои доминира сината, црната и виолетовата, а логото на клубот и името на спонзорот се со жолта боја.

Од Тотенхем го постираа дресот на социјалните мрежи и побараа мислење од фановите дали им се допаѓа.

„Ужасно“, „Невкусно“, „Од ова болат очи“, се само дел од коментарите на навивачите на Тотенхем. Дресот чини 90 евра.

 

- Оглас -

Најнови вести