Навивачите на Трабзон фрлија три ковчези во море, а причината е бизарна (Видео)

Трабзонспор за прв пат по 38 години стигна до титулата во турското фудбалско првенство, а навивачите веќе непркинато слават два дена. Неверојатна беше атмосферата на стадионот во Трабзон кога домаќините успеаа да освојат бод против Анталијаспор и на тој начин да ја осигураат титулата оставајќи ги зад себе големите истанбулски ривали, Галатасарај, Фенербахче и Бешикташ.

Токму образата која навивачите на Трабзон ја имаат кон клубовите од Истанбул, беше причина за еден бизарен потег. Дел од навивачите на Трабзон направија три ковчези, на нив беа поставени боите на трите најтрофејни клуба во Турција и потоа тие беа фрлени во морето.

 

- Оглас -

Најнови вести