На натпреварот Трабзонспор – Базел од Конференциската лига, турските фанови направија прекрасна кореографија која го привлече вниманието на светската јавност.
Беше прикажана емотивна сцена на пожарникар кој држи спасено бебе, тука е и рака од под рушевините која го држи турското знаме, а покрај кореографијата стоеше порака: „Секогаш ќе бидеме заедно, ќе си ги лечиме раните“.
Интересен детаљ имаше на заштитниот шлем на пожарникарот, таму се знамиња на земји кои со спасувачки екипи помогнале во Турција да се најдат преживеани под урнатините. Меѓу знамињата го нема македонското.
Имаше реакции од фанови кои сметаа дека и нивната земја треба да биде таму, бидејќи и нивни екипи помагале во загрозеното подрачје. Турците велат немало место за сите, а од нашите соседи, тука се знамињата на Грција, Бугарија и Албанија.