Натпреварот помеѓу Црвена ѕвезда и Реал Мадрид одигран синоќа во Белград, означи крај на една ера, последен пат Евролига се пренесуваше на телевизијата Спорт Клуб, а од следната недела, преносите од најсилното клупско натпреарување во Европа ќе може да се гледаат на Арена.
Познатиот коментатор на Спорт Клуб, Дарко Плавшиќ, кој е веројатно најдобар српски коментатор за кошарка, после мечот, доби овации од присутните кои седеа во негова близина, му го скандираа името и му се насолзија очите.
Плавшиќ емотивно се „прости“ од коментирање Евролига на СК.
„Ова беше можеби најтежок пренос во мојата кариера. Секогаш велам дека вечните дербија се најтешки за коментирање затоа што тогаш е потребна најголема концентрација. Кога станува збор за ситуации како оваа, концентрацијата не помага многу затоа што не можеш ни да се подготвиш добро за некои работи. Она што се случи по натпреварот, беше нешто што не можев да го очекувам. Беше многу убаво – чиста, убава емоција. Драго ми е што луѓето го препознаа тоа. Никогаш нема да го заборавам“, рече Плавшиќ.