Последниот период во Србија се случува бура од негодувања и протести поради влезот на британско-австриската компанија „Рио тинто“ која треба да копа литиум во западниот дел од земјата. Србите сметаат дека така ќе се загрози животната средина, но и животите на луѓето.
Токму оваа компанија требало да биде и еден од спонзорите на актуелниот шампион на Србија, Црвена ѕвезда, и да вложува по 15 милиони евра годишно, но од договорот нема да има ништо, бидејќи навивачката група на „црвено-белите“, го стопира потпишувањето на соработката и не сака оваа компанија да има никаква врска со нивниот клуб.
Во моментов главен спонзор на дресовите е руската компанија „Газпром“, која за рекламата плаќа по пет милиони евра годишно, но според информациите од Србија, преговорите помеѓу Црвена ѕвезда и русите не се одвиваат според посакуваното. „Рио тинто“ преку Црвена ѕвезда сака да го поправи имиџот на компанијата во Србија, но откако договорот не се случил, од компанијата ги демантираа информациите дека и воопшто преговарале.