Навивачите на Црвените ѓаволи во шок: Новиот директор на Јунајтед доаѓа од Манчестер сити!

Манчестер јунајтед ги изненади своите навивачи објавувајќи дека нов извршен директор ќе биде Омар Берада.

За англиските медиуми овој потег е шокантен и зад него стои човекот кој кон крајот на минатата година купи 25 отсто од акциите, сер Џим Ретклиф, кој е задолжен за фудбалски операции.

Берада (46) осум години помина во редовите на градскиот ривал и се смета за еден од најзаслужните за големите успеси на Граѓаните изминатите години кои кулминираа минатата сезона со триумфот во Лигата на шампионите. Берада го прифати предизвикот да се пресели во Јунајтед бидејќи ќе има поголема одговорност отколку што имаше во Сити.

„Имаме задоволство да објавиме дека го назначивме Омар Берада за извршен директор. Клубот е одлучен во тоа да ги стави фудбалот и резултатот во срцето на се што правиме и именувањето на Омар е првиот чекор на тоа патување. Како еден од најискусните оперативци во врвниот европски фудбал, Омар носи богата фудбалска и комерцијална експертиза, успешност во раководењето и страст која ќе ни помогне да се направат големи промени во клубот. Моментната позиција во Сити му е шеф на фудбалски операции во Сити фудбал групата и ја надгледува работата на 11 клубови на пет континенти. Пред Манчестер сити, Берада имаше значајна улога и во управата на Барселона“, стои во дел од соопштението на Манчестер јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести