14.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Навивачите на Ваљадолид си ги бараат назад парите за билетите по дебаклот во Билбао

Екипата на Ваљадолид убедливо е последна на табелата во шпанската Ла Лига, но се чини дека поразот од 7-1 на гостувањето кај Атлетик Билбао ја прели чашата. Околу 600 навивачи на клубот чиј сопственик е Роналдо беа присутни на мечот во Билбао, но разочарани и бесни си заминаа дома.

Здружението на навивачи на Ваљадолид упати официјално барање до клубот, во кое бараат да им бидат вратени парите за билетите, и тоа од страна на фудбалерите. Од клубот експресно го одбија ова барање велејќи дека ќе најдат друг механизам за да ги обесштетат.

Останува да се види кој ќе биде следниот потег на раководството на клубот, кое е предводено од Роналдо Назарио, но навивачите во соопштение рекое дека фудбалерите мора да ги почитуваат грбот и историјата на клубот и не секој пораз е прифатлив за нив.

- Оглас -

Најнови вести