Навивачите на Валеренга со спектакл во бои на виножито го осудија терористичкиот напад на геј бар во Осло (Видео)

Навивачите на Валеренга со спектакуларен огномет во боите на виножитото го осудија терористичкиот напад на геј бар во Осло што се случи завчера.

На денешниот меч против Од Гренланд на нивната „Интилити арена“ симпатизерите на Валеренга јасно покажаа дека осудуваат таков чин.

Валеренга со пет титули заедно со Лилестром е на делба на четвртото место на вечната листа со најтрофејни екипи во Норвешка, а навивачите се познати како едни од најверните и најбучни во оваа земја.

Денеска и покрај големата поддршка од трибините Валеренга загуби со 0:1 од Од.

 

- Оглас -

Најнови вести