Навивачите на Ѕвезда негодуваат по елиминацијата, тренерот Бахар не помислува на оставка

Кога шансите нема да се искористат, казната доаѓа. Со ова непишано фудбалско правило може да се раскаже во кратки црти поразот на Црвена ѕвезда на гостувањето кај Јанг бојс.

Белградските црвено-бели се елиминирани, напролет нема да играат ниту во Лигата на Европа, па во последното коло дуелот со Манчестер сити ќе им биде само формален и за уживање на публиката на најголемиот стадион во Србија.

Фановите се лути, бараат смена на тренерот Барак Бахар, кој не најави дека ќе си поднесе оставка.

„Можевме да дадеме три гола во првите шест минути. Не ги искористивме шансите и бевме казнети, натпреварот отиде во друг правец. И по наивно примените два гола, продолживме со напади и шанси, но не ги реализиравме. Не можам јас да влезам на терен и да давам голови, играчите мора да го направат тоа. Последното место е неуспех за сите нас, но на некои мечеви немавме ни среќа. Мора да ги кренеме главите и да размислуваме за следните предизвици. Лично, никогаш не се откажувам, верувам во тимот“, рече Бахар.

- Оглас -

Најнови вести