Фудбалерите на АЗ Алкмар до 19 години ја освоија титулата во младинската Лига на шампионите откако во финалето со 5:0 го совладаа Хајдук.
https://twitter.com/hooliganscz1999/status/1650556223874379791?s=20
На младите фудбалери на Хајдук, во Женева, каде што се играше финалето во младинската ЛШ, не им помогнаа ниту неверојатните навивачи, дури 7.000 фанови беа присутни на трибините и ги бодреа младите играчи на Билите.
https://twitter.com/101ULTRAS/status/1650556056433569811?s=20
Фудбалерите на АЗ Алкмар доминираа во текот на целиот натпревар, а резултатот успеаја да го отворат во 45-тата минута преку Адаи од пенал. Холанѓаните победата ја заверија во последните 20 минути, кога постигнаа уште четири гола. Поку во 70-тта и 76-тата минута постигна два гола, а последните два беа дело на Мердинк, и тоа во 79-тата и 87-мата минута.
https://twitter.com/AZAlkmaar/status/1650557354465714198?s=20
Младинците на АЗ Алкмар убедливо беа најдобри сезонава во ЛШ и во нокаут-фазата имаат неверојатен скор 19:2. Прво со 5:0 го совладаа Ајнтрахт, потоа Барселона со 3:0, па Барселона со 4:0, додека во полуфиналето го совладаа Спортинг со 3:2, и тоа преку пенал-рулетот за фантастичната сезона да ја завршат со петарда против Хајдук.
Младите фудбалери на Хајдук, носени од навивачите во нокаут-фазата, беа подобри од Шахтар (1:0), Манчестер сити (2:1), Борусија Дортмунд (2:1 на пенали) и Милан (3:1).