Неколку навивачи на Барселона нетрпеливо чекаа да се појави Антоан Гриезман по одработениот тренинг на екипата. Во моментот кога францускиот ас излезе со автомобилот, навивачите го опколија и почнаа да му довикуваат „почитувај го Меси“.
Нивната револтираност е резултат на тврдењата на неколку блиски луѓе на Гриезман, кои го обвинија капитенот на Барселона што тој не е во добра форма во моментов. Меси вчера околу тоа коментираше нервозно, посочи дека му е мака да слуша како го обвинуваат за секој проблем кој се случува во Барселона.
https://twitter.com/Gol/status/1329500880639582208
Инаку Каталонците се подготвуваат за дербито против Атлетико Мадрид, кое е закажано за сабота навечер во рамките од 10-тото коло во Ла Лига.