Навивачите од Македонија му донесоа среќа на Реал во Жирона

Реал Мадрид втора сезона по ред победи со 3-1 на гостувањето кај Жирона, а со овој триумф, Кралскиот клуб се доближи на два бода од лидерот Барселона, со тоа што мадриѓани имаат и еден меч помалку.

Џуд Белингам добрата форма ја потврди со гол за 1-0 и асистенција со Арда Ѓулер (негов прв гол сезонава) за 2-0, а Англичанецот кој пет меча по ред дава гол, после тоа го напушти теренот поради повреда. Критикуваниот Килијан Мбапе кој со 9 гола е најефикасен во Реал во Ла Лига сезонава ги постави конечните 3-0.

Бојан Миовски беше во почетниот состав на Жирона и имаше една шанса при 0-0, а од игра беше повлечен во 57-ма минута.

На трибините имаше и една група македонски фанови на Реал кои имаа причини за задоволство, а притоа во живо видоа и еден наш фудбалер, иако во дресот на противничкиот тим.

Лоши вести за Реал се повредите на Белингам и Ферлан Менди, останува да се види дали тие ќе може да играат на гостувањето кај опасната Аталанта во вторник.

- Оглас -

Најнови вести