18.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Навивачите одлучија да го вратат стариот грб на Атлетико Мадрид

Шпанскиот тим Атлетико Мадрид ќе врати стариот грб, одлучија членовите на клубот кои имаат право на глас.
На гласањето кое траеше од 28-ми до 30-ти јуни, учествуваа 77.690 членови на Атлетико од вкупно 138.881 и дури 88.68 отсто гласаа клубот да го врати старото лого.

Промената на логото ќе биде направена на 1 јули 2024 година, а истата ја подрржаа поранешните и актуелните фудбалери на Атлетико како и тренерот Диего Симеоне.

Старо-новото лого со минимални ревизии стоеше на дресовите на Атлетико од 1947 година до 2016 година.

- Оглас -

Најнови вести