Навивачите разочарани како никогаш досега: Цели фамилии одат од сите градови, 100 евра трошат домашен буџет…. за што?

Радост, среќа, па тага, разочарување и на крајот негодување и свирежи од македонските навивачи кои дојдоа на трибините на арената „Тодор Проески“ за да го гледаат дуелот на Македонија против Украина. Македонија водеше со 2:0, а на крајот загуби со 2:3.

Веднаш по завршување на дуелот, на стадионот, но и на социјалните мрежи можеа да се прочитаат лавина од негативни коментари на разочарани навивачи на македонската репрезентација. Дел се навредливи, дел се упатени со разочарување, некои без основ коментираат дека е „наместена“, а дел потенцираат и дека навивачите трошат значителна сума пари за да гледаат меч во живо на стадион, а потоа разочарани си заминуваат.

Едноставно како ретко кога досега има стотици коментари наменети поради разочарувачката игра во второто полувреме на македонските репрезенаттивци кои не само што не успеаа да ја сочуваат предноста од 2:0, на крајот и загубија дома од селекција која реално е трета по квалитет и ранг во групата во која се уште и некогашните светски прваци Англија и Италија.

- Оглас -

Најнови вести