Синоќешната победа над Верона го доближи Јувентус само на 6 бода негатива зад лидерот на Серија А, Интер, па може да се каже дека и Старата дама се вклучува во трка за титулата во италијанската лига.
Фановите на Јуве беа максимално разочарани по шокантните елиминации од Лигата на шампионите од ПСВ и од Емполи во Купот на Италија, протестираа, молчеа, но тимот на тренерот Тијаго Мота реди победи во Серија А.
Верувале или не, ова е првпат во последните пет сезони најтрофејниот италијански клуб во оваа фаза од сезоната да биде само на минус шест зад првопласираниот. Веќе не играат ниедно друго натпреварување, фокусот им е само на лигата и ако продолжат вака, не само што ќе обезбедат место во ЛШ за следната сезона, туку ако имаат среќа, може и да се борат за Скудетото, нешто што делуваше нереално до пред извесно време.