Два меча на Македонија на Европското првенство во Унгарија и два порази. Ако против Словенија загубивме само со два разлика и бевме во улога на аутсајдери, тоа што се случи вечерва беше многу разочарувачко.
Против Црна Гора ја имавме улогата на фаворит, но тоа беше само до пред почеток на мечот. Црногорците од стартот започнаа со четири гола во низа и по предноста од 4:0, во ниту еден момент не дозволија да бидат во негатива.
По мечот, сите наши ракометари беа многу разочарани и тоа од самите себе. Играчите знаат дека потфрлија и дека сами се виновни за неуспехот.
Во Дебрецин имаме и една сигурна гордост, а тоа се навивачите. Како и на претходните големи натпреварувања, нашите ракометари имаа голема поддршка од трибините. Македонија во Дебрецин има најголема навивачка група.

Ниту пандемијата со опасниот Коронавирус, ниту кочан ладното време од минус 15-тина степени, не ги поколеба фановите да пропатуваат над 1.000 километри да ги бодрат своите миленици. Едноставно навивачите уште еднаш покажаа дека се вистински амбасадори на Македонија.


