Навивачите се ветер во грб за одбојкарите, и тие се потребни за победа во Сребрената лига (Фото)

Одбојкарската репрезентација на Македонија секогаш кога игра, поради борбеноста и желбата за победа, ги грее срцата на навивачите, популарните Спартанци прекарот го добија поради потешкотиите со кои се соочуваа во минатото, а сега ги собираат плодовите со успеси на меѓународна сцена.

Вечерва во салата „Парк“ во Струмица, потребно е да ја победат Данска, за титула во Сребрената лига и пласман во Златната лига каде има посилни репрезентации. Македонските одбојкари во септември по вторпат ќе играат на Европско првенство, и кога тоа би се зачинило со место во Златната лига, би било феноменално.

На трибините во Струмица ќе има ограничен број на публика, но секој присутен на трибините може да даде придонес за победа. На одбојкарите ќе им треба поддршка, како во полуфиналето со Хрватска, кога без разлика на полот и возраста, сите навиваа за Македонија и помогнаа, за што добија и честитки и благодарност од Одбојкарската федерација.

Нека падне и Данска, па играчите повторно нека се радуваат со своите фанови и целата нација.

- Оглас -

Најнови вести