Навивачите се воодушевени од новостите на ВАР системот (Фото)

Германија со убедлива победа од 5-1 над Шкотска го отвори Европското првенство, а на овој меч двапати беше користена ВАР технологијата. Најпрво беше поништен пенал за Германија и досуден слободен удар надвор од шеснаесетникот, а потоа беше поништен и голот на Фулкруг поради офсајд.

Во двете ситуации навивачите на стадионот можеа да видат објаснување зошто ВАР одлучил така. Во ситуацијата со офсајдот на Фулкруг на голем екран на стадионот во Минхен пишуваше: „Голот е поништен – офсајд. Фудбалерот на Германија со број 9 беше во офсајд позиција и играше со топката пред да постигне погодок“.

При поништениот пенал за Германија на големиот екран судиите вака ја објаснија ситуацијата: „Пеналот е пониптен. Фаулот направен од страна на играчот на Шкотска со број 11 беше надвор од казнениот простор“.

Ваквата новина наиде на воодушевување и одобрување кај публиката во Минхен.

- Оглас -

Најнови вести