Навивачите со фантастична кореографија го елиминираа лутиот ривал, Фенер ги шокира на теренот (Видео+Фото)

Во Истанбул се одигра ново возбудливо дерби на двете најтрофејни екипи, Галатасарај и Фенербахче, а мечот имаше шокантна завршница за домаќинот Галатсарај и среќна за гостите, кои победија со гол во 94-тата минута.

Мигел Креспо погоди во последните моменти на истанбулското дерби за победа на Фенербахче со 2:1, а мечот имаше и интересна предигра.

Galatasaray 1 – [2] Fenerbahçe – Miguel Crespo 90+4′ from soccer

Навивачите на Галатасарај подготвија фантастична кореографија со симболот 1907, година во која е формиран вечниот ривал Фенербахче, а паролата им беше „го елиминиравме непријателот“.

Сепак, крајот беше шокантен за нив и многу среќен за најтрофејната екипа во Турција. Фенербахче има вкупно 28 шампионски круни, а Галатасарај е веднаш зад нив со 23 титули.

 

- Оглас -

Најнови вести