Навивачите на Бордо се вратија на трибината и оттаму го изразуваат својот протест против претседателот на клубот. Фудбалерите на Бордо и Ним се вратија на теренот, се загреваа пет минути и средбата продолжи. Судијата и делегатот ги информираа присутните дека ако се случи нов инцидент и фановите повторно се симнат на теренот, дуелот ќе биде прекинат и нема да продолжи.
Мечот од француската прва лига беше прекинат само по 11 минути игра. Член на гостинскиот тим е македонскиот голгетер Влатко Стојановски.