Фудбалерите на Рода победија со 2-0 против Камбур во втората лига на Холандија и се блиску да му се придружат на Вилем втори, кој е лидер на табелата, во повисок ранг. Навивачите на Рода мислеа дека со победата веќе се вратија во елитниот холандски фудбал и влетаа на теренот за да го прослават големиот успех, во моменти кога нивниот најголем конкурент, Гронинген, губеше со 1-0 на гостувањето кај Телстар.
Сепак, тој меч се уште не беше завршен, а Гронинген со гол во 95-тата минута го освои посакуваниот бод. Сега разликата помеѓу Рода и Гронинген е само три бода, а во последното коло играат помеѓу себе и во директен дуел ќе одлучуваат за патникот во повисок ранг.
Гронинген со победа ќе се израмни со бројот на бодовите со Рода, бидејќи во тој случај ќе има подобар меѓусебен дуел, па на крајот излегува дека навивачите на Рода залудно се радуваа.
Awkward moment in 2nd tier of Dutch football… Roda JC fans invaded the pitch to celebrate, thinking they were promoted to Eredivisie. But Groningen scored in 90+5′ an equaliser, denying Roda’s promotion!
byu/dragon8811 insoccer