Навивачите во Англија се вратија на трибините и веднаш направија инцидент (Видео)

Одлуката за делумно враќање на публиката на стадионите во Англија беше примена со голема воодушевување, но уште првиот викенд по камбекот на навивачите, се случи инцидент. Проблемот го направија навивачите на Милвол кои се познати по радикализмот и насилството.

Пред почетокот на натпреварот од Чемпионшип против Дерби каунти, играчите на терен клекнаа во знак на поддршка за борбата против расизмот, а од трибините (имаше 2.000 навивачи) се слушаа гласни свирежи. Навивачите на Милвол не се согласуваат со ова и јасно и многу гласно кажаа што мислат.

После мечот, управата на Милвол рече дека ќе продолжи со анти-расистичката порака.

- Оглас -

Најнови вести