22.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Навивачите во Манчестер го запалија американското знаме (Видео)

Навивачите на Манчестер јунајтед вчера излегоа во голем број пред „Олд Трафорд“, за да протестираат против политиката на водењето на клубот, на газдата Глејзер. Богатата американска фамилија веќе со години се сопственици на најтрофејниот англиски клуб, а навивачите посебно збеснаа, откако Манчестер јунајтед прифати да биде дел од новоформираната Суперлига.

Незадоволните фанови скандираа против газдите, а некои се осмелија дури и да го запалат американското знаме, потег кој може да предизвика и дипломатски скандал меѓу САД и Велика Британија.

https://twitter.com/i/status/1385984258305576961

По неуспешниот обид за формирањето на Суперлигата, извршниот директор на Манчестер, Ед Вудвард одлучи да се повлече од функцијата. Манчестер сезонава игра солидно и е на второто место на табелата со реални шанси следната сезона да игра во Лигата на шампиони, но и оваа сезона да ја заврши со европски трофеј.

Црвените ѓаволи се дел од полуфиналето на Лигата на европ,а каде за противник го имаат италијанскиот калчолигаш Рома. Ако успее да ја елиминира Рома, Манчестер во финлето ќе игра со подобриот од двомечот меѓу Вилјареал и Арсенал.

Пред европските предизвици, Јунајтед денеска игра и во Премиер лигата и тоа на гости кај Лидс.

 

- Оглас -

Најнови вести