На 14 февруари во голем дел од светот се слави Денот на вљубените, а тоа беше повод навивачи во Полска да покажат колку многу го сакаат клубот за кој навиваат. Полските фанови важат за едни од најопасните во светот, но овојпат тие покажаа дека знаат да бидат и романтични.
Симпатизерите на екипата на Виѕев Лоѓ се појавија на трибините на стадионот и во темница запалија многу факли, кои беа наредени во облик на срце. Тоа беше нивната порака за тоа колку го сакаат омилениот клуб. Виѕев се натпреварува во втората полска лига и моментно е на 13-тото место со 19 освоени бода од 15 одиграни натпревари.
View this post on Instagram