Првиот човек на саудиската Про лига, Хафиз Ал-Мудлеј, најави бизарен предлог само за да биде „заштитен“ Кристијано Роналдо. Ал-Мудлеј вели дека Роналдо е симбол на нивната лига и дека навивачите кои ќе го скандираат името на Лионел Меси или ќе го исмејуваат Португалецот може да се соочат со последици.
Откако пристигна во Саудиска Арабија, навивачите на клубовите кои играат против Ал-Наср често знаат да го скандираат името на Лионел Меси со цел да го провоцираат Роналдо и тоа најчесто е успешно затоа што Португалецот неколку пати јавно покажуваше дека се нервира и не сака да го слуша името на неговиот голем ривал.
Токму затоа, за да се спречат овие провокации од трибините наменети за Роналдо, Ал-Мудлеј вели дека никој не смее да го провоцира фудбалерот кој е најзаслужен за светската промоција на Про лигата на Саудиска Арабија.
„Навивачите кои постојано го исвиркуваат Роналдо и му скандираат „Меси, Меси“, треба да се соочат со дисциплинска постапка. Роналдо е амбасадор на нашата лига“, изјави Ал-Мудлеј.
Оваа изјава на Хафиз Ал-Мудлеј не им се допадна на фудбалските фанови на социјалните мрежи. Некои неверници изјавија дека режимот на Саудиска Арабија сака Кристијано Роналдо да успее по секоја цена, без конкуренција. Други беа збунети од изјавата главно затоа што Лионел Меси е амбасадор и за туризмот во Саудиска Арабија.
Меси одби да игра во Саудиска Арабија и потпиша за Интер Мајами, каде што направи неверојатна трансформација на клубот. Само во седум меча во дресот на Интер Мајами, Меси постигна 10 гола и беше најзаслужен што клубот стигна до првиот голем трофеј, триумфирајќи во Лига купот.