Навивачите во транс, Погба е на прегледи (видео)

Пол Погба веќе е на медицински прегледи во спортскиот комплекс на Јувентус, каде што беше пречекан како филмска ѕвезда од навивачите.

Со нетрпение се очекуваше враќањето на францускиот репрезентативец меѓу Бјанконерите. Стотици фанови буквално збеснаа во моментот кога Погба излезе од возилото.

По прегледите трансферот и конечно ќе се официјализира. Според договорот, Погба во Јувентус ќе добива годишна плата од 10 милиони евра во наредните пет сезони.

- Оглас -

Најнови вести