24.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Навивачите за еден ден собраа речиси милион евра за да ја спасат Висла

Висла Краков во изминативе неколку месеци ги преживува најтешките денови во историјата. Клубот падна во тешка финансиска криза, но се појавија херои кои не дозволуваат Висла да згасне.

Еден од најдобрите полски фудбалери Јакуб Блашчиковски се понуди бесплатно да игра за тимот, но и да позајми 300.000 евра. На помош се јави и поранешниот сопственик на клубот, Богуслав Леснодорски, кој помогна да се добие лиценца за останување во лигата. Беа продадени неколку играчи и на тој начин се добија уште околу 700.000 евра, а потоа на сцена стапија и навивачите.

Фановите на Висла само за еден ден успеаја да соберат неверојатни 932.000 евра. Околу 700.000 евра се собрани од продажба на полусезонски билети, а потоа беше направена и кампања за продажба на дел од акциите на клубот. Едноставно, само за неколку дена на различни начини во касата на клубот беа слеани еден 1.712.000 евра.

 

- Оглас -

Најнови вести