Португалецот Жоао Палиња по забележителните партии на ЕВРО 2024, направи трансфер во Баерн Минхен, Баварците платија 50 милиони евра за него за да ја има контролата врз играта во средниот ред, но работите не одат според планот на Палиња.
И навивачите се зачудени зошто најголемото летно засилување игра толку малку.
Баерн одигра три официјални меча сезонава, а Палиња ниту еднаш не беше стартер. Во Купот на Германија против Улм одигра само 14 минути, а на стартот на Бундеслигата, во првото коло против Волфсбург воопшто не влезе во игра.
Викендов се појави пред публиката на „Алијанц арената“, но доби само 17 минути на дуелот со Фрајбург.
Германските медиуми имаат објаснување зошто Палиња има мала минутажа. Тренерот Винсан Компани реши да го стави Џошуа Кимих во средината на теренот наместо на позицијата десен бек. Кимих е „бетон“, па за другото слободно место во средината конкурираат четворица фудбалери, меѓу кои и Палиња.
Засега предност добива Павловиќ, кој е покреативен во нападот, а Баерн играше против дефанзивени екипи. Кога Баерн ќе има посилни ривали и кога ќе треба повеќе да се брани, веројатно ќе дојде моментот за Палиња.