Навивачите збеснаа: Ја срушија оградата и ги бараа фудбалерите на омилениот клуб (Видео)

Севилја вчера загуби со 3:2 на гостувањето кај Селта Виго, а по враќањето на екипата во својот град, фудбалерите и челниците на клубот беа непријатно изненадени. Група од околу 200 гневни навивачи ги чекаа играчите во комплекс тренинг центарот на Севилја, сакајќи да им покажат колку се гневни поради лошите резултати сезонава.

Севилја има само 38 бодови и е на 16 место на табелата, само две позиции од оние кои носат испаѓање од Примера дивисион. Лас Палмас е на 18 место со 32 бодови, а Леганес кој е 19-ти е со 34 бодови, но денеска игра против Еспањол, што значи дека Севилја може опасно да биде загрозена.

Навивачите успеаа да ја срушат оградата од влезот во тренинг центарот.

Во следното коло, во вторник, Севилја на свој терен игра против Лас Палмас и доколку се случи да загуби, многу лесно може да се случи на крајот од сезоната, седумкратниот освојувач на трофејот во Лига на Европа, да испадне од елитното шпанско друштво.

- Оглас -

Најнови вести