20.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Навивачка му го спаси животот на тренер во НХЛ-лигата само со една порака (ВИДЕО)

Брајан Хамилтон е актуелен асистент во екипата на Ванкувер Канукс, а вечно ќе ѝ биде благодарен на Надија Поповичи.

На гостувањето кај Сиетл Кракен, Хамилтон седеше на својата позиција, додека Надија се наоѓала зад него.

Таа е студент по медицина, а на неговиот врат забележала младеж кој изгледал многу сомнително и имал голем потенцијал да биде канцероген.

Потоа таа напишала порака на својот мобилен телефон и успеала да ја покаже пораката на Хамилтон.

По натпреварот, тој се упатил на специјалист, каде што е утврдено дека се работи за навистина проблематичен младеж кој ако не бил навремено откриен, тогаш животот на тренерот ќе бил во опасност.

За среќа, со навремениот третман, сите опасности се отстранети, а Хамилтон ја посети девојката и заедно со неговиот тим ќе ѝ го платат целото школување во вредност од 10 илјади долари.

- Оглас -

Најнови вести